ОДНОСОТ НА РОДИТЕЛИТЕ СО НАСТАВНИЦИТЕ И ВОСПИТУВАЧИТЕ
Родителите и наставниците треба да бидат во постојан и близок однос на комуникација, со редовно, директно и непосредно взаемно информирање.
Притоа, отворено, нескриено и објективно треба да се искажуваат добрите, но и лошите страни кои се забележани во процесот на наставата, однесувањето на ученикот во училиштето и надвор од него, индивидуалните желби и реалните можности – за да може на време да се интервенира, корегира, споредува, подобрува, спречува…
Наставникот како стручњак, педагог и експерт во училиштето го заменува и родителот, а родителот дома треба да продолжи со реализацијата на образовниот процес започнат и спроведен во училиштето.
Истото се однесува и на детската градинка, каде воспитувачот ја презема улогата на родителот додека е неговото дете во градинката.