ИНКЛУЗИВНО ОБРАЗОВАНИЕ ЗА СИТЕ
Според дефиницијата на УНЕСКО, инклузивното образование се однесува на можностите училиштата да обезбедат квалитетно образование за сите деца без оглед на нивните различности.
Училиштата посебно внимание треба да посветат на децата со пречки во развојот и на децата од маргинилизираните групи.
Сите деца треба да бидат дел од училишната заедница, без оглед на нивната сила и слабости во поодделни области.
Правата на децата мораат да бидат испочитувани и прифатени, а државите треба да обезбедат еднакви услови сите деца да се образуваат.
Стравот, предрасудите и незнаењето се причини за исклучување на оние кои се поинакви.
Ставовите се менуваат преку интеракција, инклузија и заеднички живот.