ДЕЦАТА  СО ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО

ДЕЦАТА  СО ПРОБЛЕМИ ВО ОДНЕСУВАЊЕТО

 

Овие деца имаат проблеми со вниманието и однесувањето, односно се немирни и хиперактивни, а понекогаш се и наметливи и агресивни.

Затоа, мора да се востановат јасни правила за однесување и за нив и за целото одделение.

Ученикот треба да седи таму каде најмалку ќе му се одзема вниманието преку прозорецот, вратата и галамата.

Континуирано треба да се насочува вниманието на ученикот и постојано да му се даваат полесни и одмерени задачи.

Да му се даваат целни задолженија, како на пример: избриши ја таблата, донеси креда, испери го сунѓерот и слично.

Упатствата и инструкциите треба да бидат јасни и недвосмислени, но со позитивен и смирен глас.

Не заборавајте и не пропуштајте да го пофалите ученикот по секоја негова добра активност, акција и реакција. Климнете со главата, насмевнете му се, погалете го, допрете го по рамото, пофалете го пред сите или насамо, напишете му ја пофалбата во тетратката, книшката, сведителството…

Создавајте ситуации во кои ученикот ќе може да им помогне на другите.

Не го исклучувајте никогаш ученикот од заедничките активности.

Наместо да го фрустрирате со прекори и казни, стимулирајте го со пофалби, награди и признанија.