ДЕЦАТА СО ПОТЕШКОТИИ ВО ГОВОРОТ И ЈАЗИКОТ
Овие потешкотии предизвикуваат тешкотии и на социјален и на емоционален план.
Затоа, битно е да се посвети внимание на способноста ученикот да ги разликува битните и небитните факти и идеи.
Потоа правилно да ги употребува именките, заменките, глаголите, придавките и прилозите.
Ученикот треба да ги користи изразите за големина, количество, простор и време.
На ученикот треба да му се даваат кратки, прецизни и доволно јасни инструкции.
Притоа, треба да се практикува и применува директното обраќање.
Задачите и постапките може и треба да се расчленат (поделат) на помали задачи и чекори.
Неопходно е поголемо трпение, настојување и труд при комуникацијата, додека не се уверите дека добро ве слушнале и разбрале.