Елисавета Мирчева: Кратки книжевни форми

Кратки книжевни форми

Еволуцијата на човекот била придружена со еволуција на духот. Секоја нова генерација се безброј нови гранки од едно дрво на духовност, пренесувајќи ги своите знаења од генерација на генерација. Знаењата се пренесувале усно или писмено и сето тоа било од голема вредност  и од витално значење за опстанокот на секоја заедница. Без оглед на тешките времиња и можности низ кои поминале народите низ својата историја, што преживеале и доживеале, токму овие вредности се сведоштво за нивното постоење и борба за опстанок. Духот на еден народ и покрај казните и малтретирањето што ги вршеле државата или црквата низ вековите било тешко да се окови.Колку и да страдало телото, духот бил непокорен, непослушен и невозможно било да се скроти.Од сето тоа се случиле соодветни нешта кои биле во духот на секој народ, тоа е – да се одговори на тешкотиите, условно кажано, со смеа. Смеата, која може да значи исмејување и потсмев, а од друга страна, потсмевот може да се окарактеризира и како еден вид критика.

Започнале се почесто да се појавуваат кратките книжевни форми – приказни,раскази,афоризми,басни,пословици,гатанки и сл.кои допринеле да се слушне гласот на народот за животот кој им бил поставен помеѓу менгеме и од двете страни биле стегнати  и немале право да изберат слобода во своето живеење и изразување.

Кратките книжевни форми  неспорно имале за цел нешто да истакнат, издвојат, обележат, без разлика каква реакција би  предизвикале или би можеле да предизвикаат. Понекогаш тоа можеле предизвикаат смеа до солзи, а понекогаш – смеа до болка.

Дали кратката книжевна форма афоризам  е критика на сé што постои или критика на човечката глупост, лудост, лудило…? Ако се повикуваме на речници, никаде нема да наидеме на одредница која вели дека е „критика“, туку дека е, меѓу другото:

 

кратка, концизна изрека богата со значење“.

 

За афоризмот би можело да се пишува долго и долго – бескрајно, без никогаш да се запре бидејќи и авторите кои цврсто стојат во одбрана на чистата и критичка мисла, не запираат и не се откажуваат. Бидејќи афоризмот најчесто се заснова на парадокс, тогаш повторно сме соочени со еден вид парадокс – како со неколку зборови да се каже сето она што го сочинува духот на нашето сатирично небо, како да се следи примерот на афористичарот и да се изрази себе со концизна виртуозност без да остане нејасен?
Барањето на вистина е еден тежок и долг процес кој нема крај и сето тоа завршува крајно непродуктивно, особено затоа што тогаш би морале да се соочиме со нешто толку субјективно, нешто што е индивидуално (па дури и колективно ) чувство – поради што некој како поединец се чувству- ва ограничен или загрозен.
Терминот „афоризам“ е од грчко потекло (aphorismos), а во светот станал познат по збирката кратки медицински совети со наслов АФОРИЗМИ (Aphorismoi) од познатиот антички лекар Хипократ, современик на Сократ. Но, ако е несомнено јазичното потекло на афоризмот, авторското е во прашање, бидејќи сите записи на Хипократовата школа се од неколку генерации (5 век и половина IV век п.н.е.), целиот т.н. Corpus Hippocraticum, кој содржи околу сто записи на грчки и околу триесет на латински, му се припишува на Хипократ иако е сигурно дека толку многу списи, особено не во целост, не можат да бидат негово лично дело. Во секој случај, терминот афоризам станал светски познат по споменатата збирка, која содржела четиристотини концизни медицински упатства, групирани во седум области на веќе широката наука за здравјето.

Ширината на поимот афоризам и неговата трансформација низ историјата се чинело дека укажуваат на неединството на неговата оригинална семантичка основа. Терминот еволуирал од глаголот „aphorizein“, кој имал цела значајна скала – да се разликува; одвои, изолира; да излачува; да назначи, да воспостави; утврди; да дефинира; реши … Преку латинскиот превод и рецепција на афоризмите како дефиниции, воспоставувања, дефиниции, до 19 век, афоризмите се сфаќале како посебна форма на научно изразување, понекогаш дури и како когнитивно привилегирани.

За денешната слава на афоризмот во голема мера придонеле  францускиот математичар, физичар и писател Блез Паскал (1623-1662) и германскиот физичар и писател Георг Кристоф Лихтенберг (1742-1799), иако ниту еден од нив воопшто не го користел терминот „афоризам“, и Лихтенберг не ни помислувал на нивното објавување,но биле објавени по неговата смрт.

Античкиот афоризам бил фокусиран на прагматичната страна на животот, но денешниот афоризам се карактеризира со литературна и филозофска широчина. Иако навистина е огромна разликата, по длабокото истражување ја покажува неговата релативност. Тоа покажува дека овој поим имал и своја природна историја – и покрај сите имиња, го зачувал духот на своето првобитно јадро. Не се работи само за краткоста на формата (има како што е познато цела низа кратки форми), туку токму за духот, за специфичната карактеристика на таа краткост. Самата воведна добро позната реченица на Хипократовите „Афоризми“ е вистински афоризам за денешните употреби – Ars longa, vita brevis. Античкиот лекар Гален веќе ја почувствувал посебната убедливост на афоризмите на Хипократ – „голема моќ во мал текст“, со што се карактеризира не само Хипократ, туку и денешните афоризми.

Во поново време  афоризмот е често загрозен од семантиката без резултат на идеолошките, пред сè дневно-политички слогани. Читателот ја прифаќа двосмисленоста на афоризмот како специфичен антислоган, бунт против семантичката празнина на стреотипните пораки на властите.  Станува збор за ефектите на процесот врз истиот јазичен материјал, афористичарот се појавува во улога на магионичар кој со мала лингвистичка интервенција ја преувеличува пораката за моќ во бумеранг. Тој бумеранг, во спротивна насока, не само што ја дува димната завеса на идеологијата откривајќи го вистинското лице на говорникот, туку и ја разбива „долината на одгласите“ на недвосмислениот, дневно-политички говор, потсетувајќи нè на изворните значења на зборовите. Ние сме сведоци на двојна трансформација. Носителите на „моќта над говорот“, немоќни во моќта на говорот, стануваат гротескни слуги на обичниот „говор на моќта“, наметнатото, прокламирано „значење на говорот“ неконтролирано се распрснува во просторот на „говорот на смислата“. Афоризмот станува идеален простор за читателот во кој општиот недостиг на богатство се сумира во зачудувачкото, раскошно богатство на недостиг.

Се разбира за да произведе таков ефект во гореспоменатите „мали јазични интервенции“ мора да поседува супериорна изработка, способност да им служи на стилските микроструктури на спротивставување, повторување, засилување и пренесени значења.

 

Елисавета Мирчева

наставник  по македонски јазик и библиотекар

ООУ,,Св.Кирил и Методиј “ – Иловица