Skip to main content

Анкета

МЛАДИТЕ И КУЛТУРАТА

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје неодамна направи истражување на тема: Младите и културата.

Со анкетен анонимен прашалник беа опфатени 645 испитаници. Од нив 410 беа на возраст од 14-18 години, а 235 од 19-34 години. Од нив 258 беа од машки, а 387 од женски пол. Ученици беа 318, студенти 238, а од други занимања 89. Од нив 593 беа од град, а 52 од село.

На прашањето Што посетувате најчесто во текот на годината, 318 испитаници се изјаснија за библиотеките, 224 за кино-проекциите, 116 за театарските претстави, 87 за концертите, а 294 за спортските настани.

На прашањето кои фестивали и манифестации најмногу ги интересираат, 198 се изјаснија за кино, 85 за театар, 76 за книжевност, 41 за изложби, 11 за модни ревии, 5 за стрип, 3 за уметничка фотографија, 23 за друго.

На прашањето дали учествуваат на работилници и други настани, 179 се изјаснија за предавања и трибини, 28 за танци и модни ревии, 30 за креативно пишување и сликање, 14 за уметничка фотографија, 7 за самостојно музицирање, 12 за музицирање во група, а 5 за стрип цртање.

На прашањето колку книги имаат во домашната библиотека, 513 се изјаснија дека имаат до 25, а од 25-100 книги имаат 239 испитаници, додека над 100 книги имаат 48 испитаници.

На прашањето каква музика слушаат, 230 се изјаснија за домашната забавна музика, а 356 за странската забавна музика. Додека пак, 195 се изјаснија дека слушаат домашна народна музика, додека 327 слушаат странска народна музика. А, 83 се изјаснија дека слушаат нешто друго: рок, панк, хип хоп, рап, реге, хеви метал, класика, џез…

На прашањето колку се задоволни од културата кај нас, 285 одговорија недоволно, а 220 одговорија добро, додека 78 воопшто не се изјаснија.

На прашањето како се информираат младите за културните настани и случувања, 428 одговорија преку интернет и социјалните мрежи, 129 преку печатените медиуми, 174 преку електронските медиуми, 42 преку плакати, 13 преку печатени покани, 38 преку телефонски јавувања, 10 преку лични контакти, а 11 на друг начин.

На прашањето и дали самите се занимаваат со култура и уметност, 23 одговорија дека се занимаваат со литературно творештво, 18 дека цртаат и сликаат, 9 дека пеат и свират, 9 дека играат во културно-уметнички друштва, 4 дека играат балет и 3 дека се занимаваат со уметничка фотографија.