ЗА ТУТОРИТЕ И ТУТОРСТВОТО
Направивме мала анкета со родителите на учениците со посебни потреби во врска со туторите и туторството преку проектот Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран што го реализира Фондацијата Чекор по чекор од Скопје.
Еве дел од договорите:
Туторите пристапија на многу повисоко ниво, отколку што очекувавме
И ние како родители, но и децата се презадоволни
Проектот е супер
Физичкото присуство не е исто со онлајн комуникацијата, но пандемијата си го направи своето
Целосно ја имате поддршката од нас – родителите
Се случи брз позитивен напредок
Процесот е добро испланиран, а ангажманот на туторите е непроценлив и немерлив
Претстои уште многу макотрпна работа
Согледавме и применивме многу нови можности
Туторите се поделотворни дури и од личните асистенти
Туторите насочуваат и поттикнуваат
Туторите имаат делотворна функција во домашни услови
Големо е значењето и улогата на туторите
Овој проект треба и мора да продолжи
Има многу голем напредок кај учениците со посебни потреби
Туторската поддршка им значеше многу на родителите и децата, зашто имаше со кого да ги споделат своите проблеми и потешкотии
Учениците од почетно стигнаа на друго повисоко ниво
Раснеме и напредуваме заедно со туторите
Благодариме за туторството и во нашава средина
Полека но сигурно стануваме ИН, ИНклузивни и ИНклудирани