Skip to main content

КАКО ГЛЕДААТ УЧЕНИЦИТЕ НА ИНКЛУЗИЈАТА

 

Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ од Скопје направи анкета со учениците од основните и средните училишта од Скопје. Едно од праѓањата во анкетата беше: што е инклузијата, односно како гледаат учениците на инклузијата?

Во продолжение на овој текст издвојуваме и донесуваме неколку од покарактеристичните одговори од учениците на оваа тема:

  • Инклузијата е образование достапно на сите;
  • Инклузијата е можност секое дете да се запише и да го посетува училиштето;
  • Инклузијата е повеќе од образование, таа е подготовка за живот;
  • Инклузијата учи дека во светот има место за сите;
  • Инклузијата говори дека различноста не пречи да другаруваме, учиме, да си помагаме, да се поддржуваме;
  • И училиштата треба да бидат прилагодени на учениците, а не само учениците на училиштата;
  • Училиштата треба да бидат места за спојување, а не за одвојување и раздвојување на учениците;
  • Едно училиште за сите;
  • Училиштето како место каде ќе се развиеме и оствариме до крајните можности и граници;
  • Да ги согледаме нашите разлики и способности, но тие да не бидат секогаш пресудни;
  • Инклузијата е нашиот однос кон послабите;
  • Инклузијата е хуманост и човечност;
  • Сите имаме исти потреби;
  • Сите сакаме да бидеме сакани, прифатени, да другаруваме, поддржуваме, играме, учиме…;
  • Да ги најдеме начините за задоволување на потребите на сите ученици;
  • Инклузијата е огледало за сите и на сите;
  • Ќе се унапредиме себеси и ќе напредуваме, само доколку ги прифатиме и им помогнеме и на другите;
  • Само за разбирање и поддршка на другите – така се расте и се развива;

 

  • Првите навики и искуства се стекнуваат во семејството, од родителите – гледајќи ги и слушајќи ги;

 

  • Битно е секој како се однесува кон послабите, поинаквите, немоќните и различните;

 

  • Има препреки кои се поголеми и од рампите, училиштата, зградите… тие се длабоко во нас;

 

  • Секој може онолку колку што верува дека може;

 

  • Знајте дека никогаш не сте сами;

 

  • Соработка, разбирање, другарство, љубов и слога;

 

  • Тргнете кон целта и ќе стигнете до неа;

 

  • Едно и единствено образование за СИТЕ!