Skip to main content

Неколку приоди за поефикасни часови по македонски јазик

 

 

 

Во едно современо општество во зависност од степенот на културниот развој, од свеста, од културно-образовното наследство, од материјално-економската сила, од основната филозофска, социолошка и внатрешна политичка ориентација, произлегува општествениот карактер на наставата. Со развојот на гореспоменатите критериуми неминовно е да има и промена и развој на квалитетот на наставата. Наставата треба да се интензивира, хуманизира,актуелизира, модернизира.

Современата методика за наставата по македонски јазик познава повеќе постапки кои се применуваат при мотивирањето на учениците.

 

Преку системот на проблемско-творечка настава се изразуваат помодерните тенденции во методиката на наставата. Овде на преден план се ставени креативните можности на учениците. Тие се подготвуваат за самостојно разрешување на одделни проблеми во врска со одбраниот текст (расказ). из интерпретацијата расказот треба да се доживее, а потоа и да се анализира. Анализата на расказот треба да обезбеди допир на ученикот до сите можни содржински аспекти при неговото расчленување: тематски, идејно-естетски и етички. При тоа не смеат да се испуштат од вид и формалните аспекти: композициски и јазично-стилски. На тој начин ќе го достигне нивото на суштинска наставна анализа.

 

Во почетокот на учебната година се проверуваат интересите на учениците.За таа намена обично се применува анкета,врз основа на која се запознаваат интересите на учениците за одредена тема и одредени видови раскази.

Враз основа на покажаните интереси,наставникот им предлага на учениците раскази за самостојно читање дома.

Мотивирање на учениците се постигнува со интерпретативно читање на одбран дел-фрагмент. За ваква постапка обично се одбира највозбудливиот дел,кој ќе ги поттикне учениците на размислување. Како поттик може да послужат илустрации,слушање музички дела инспирирани од одделен расказ, слушајќи радиоемисии или гледајќи телевизиски емисии посветени на литературни годишнини на одредени писатели,изложби на книги од училишната, градската библиотека.Таков поттик може да се предизвика и со литературен натпреваар. Во училиштето се организира квиз посветен на одредена тема. Учениците се пријавуваат за учество на квизот врз пропозициите на натпреварот. Натпреварот ги предвидува расказите што треба да се прочитаат и начинот на изведување на квизот.Во организирање на квизот може да учествуваат одбрани ученици. Распишување на натпревар за најуспешен приказ на определен расказ,исто така може да се применува како поттик за читање.

Мотивирање на учениците за читање на расказ се постигнува и со поставување на прашања и задачи на кои учениците можат да одговараат. Прашањата и задачите можат да бидат насочени кон проверување на степенот на доживеаноста и разбирањето на текстот. Со успешна интерпретација и анализа на расказот на часот се остваруваат современите цели на наставата. На тој начин се изградува активен и сензибилен ученик,кој ги доживува литературните пораки и ја разбира нивната смисла.

Проверување на разбирањето на текстот со примена на наставни ливчиња  со ИКТ технологија за самостојна работа на учениците овозможува мерење на продуктивноста на одржаниот час. Така, на пример,ако 80 % од учениците одговориле на сите или на поголем број прашања,тоа,значи дека часот бил квалитетно ораганизиран и рационално изведен. А, ако помал број ученици одговориле на поголем број прашања,тоа значи дека часот не бил доволно оптимален.

– Со овој начин на проверување учениците се ставаат во положба на ментална подготвеност,тие се поактивни,бидејќи се свесни дека секој од нив самостојно ќе ги одговара прашањата;

– Со вакво проверување може да се мери вредноста на извесни наставни облици и средства и да се врши потребната компарација на часовите со различна организација;

– Исто така, се овозможува континуирано следење на напредокот на учениците и се зголемува метриската вредност на оценката,односно се зголемува објективноста при оценувањето;

– Наставникот може да им даде целосни информации на родителите за активноста на ученикот на часот.

Широката примена и прифатеноста на проектот„Со читање и пишување до критичко мислење“што го презентира американското здружение во соработка со универзитетот во Северна Ајова од САД, се нуди широка лепеза на приоди ,кооперативно учење, дебатни техники за читање и пишување,графичко прикажувањево различни делови од часот. Практичарите се задоволни од примената и ефектите, лесно се прифатливи,применливи и интересни,водат кон кооперативна,тимска работа,даваат солидни резултатите што долго се паметат.

 

Современа настава бара креативни приоди во сите фази од припрема, организација,реализација, валоризација па до апликација – практична примена на знаења, умеења,навики во современиот секојдневен живот. Очигледна е потреба за откривање нови приоди,за проверување хипотези,со насоки за користење интерактивно со други , самостојно барање одговори на откривачко-истражувачки методи за поквалитетна настава.

 

Литература;

 

Чедомир Поповиќ

„Методика на наставата по мајчин јазикза основните училишта“/Просветно дело,1967 г. Скопје;

м-р. Ленка Гогоска

„Дидактика“/Ѕвезда,1995г. Скопје:

 

 

Подготвила:

                                                             Виолета Петковска

                                                             Професор во одделенска настава

                                                             ОУ Кочо Рацин – Охрид