Skip to main content

Во царството на книгите

 

 

ЕДУКАТИВНИ И КРЕАТИВНИ ИЗДАНИЈА

 

Авторите (творците) и издавачите (печатарите) денес заедно создаваат и реализираат  бројни нови изданија ширум светот.

Во секој нов миг се создаваат многу нови едукативни и креативни изданија за најмладите.

Би рекле, постои постојан натпревар кој попрв ќе создаде и објави нов креативен и едукативен производ и за што поголем број корисници во својата земја, но и во странство.

Како печурки по дожд секојдневно се појавуваат нови едукативни, креативни, иновативни, модерни, современи и актулени инвентивни центри.

Еден од нив е и Креативниот и едукативен центар во рамките на Издавачката куќа Феникс во Скопје, кој постои со години и досега има реализирано бројни едукативни и креативни изданија: постери, кутии, боенки, сликовници, енциклопедии… Вртливи, со форми (штанцани), за доцртување и цртање, боење и дополнување, учење англиски јазик и компјутери, бонтон и убаво однесување, човечко тело, животинско царство, флора и фауна, мориња и океани, ѕвезди и планети, откритија и пронајдоци, научници и пронајдоци, бајки и басни,  прашања и одговори…

 

ШТО Е ЕДУКАЦИЈА

 

Зборот едукација значи воспитување, одгледување, односно образување млади генерации и развивање кај нив умствени, телесни и морални способности.

На тој начин, се пренесуваат општите и работни искуства, знаења, општествени норми и вредности.

Од претходните генерации на најмладите: од  родителите на децата, од воспитувачите на воспитаниците…

Едукацијата е темелен услов за постоењето и опстанокот на човечката заедница.

Човековата култура и цивилизација е поврзана со развојот и збогатувањето на општеството.

Преку едукацијата се стекнуваат: знаења, умеења, вештини, навики, квалификации…

Исто така, се развиваат: телесни, интелектуални, морални, естетски и работни способности.

 

ШТО Е КРЕАЦИЈА

 

Креација значи создавање, изнаоѓање, произведување,  творештво, остварувања, дела, творби…

Креацијата подразбира инвентивност, создавање, остварување, производ, умотворба, ракотворба…

Креацијата е умеење, вештина, имагинација, творештво, креаторство, плодотворност…

Неразделно се поврзани креацијата и креативните луѓе, односно таму каде што има креација – носителот и создавачот е креативен човек.

Само креациите, идеите, мислењата,  размислите, пронајдоците – го создаваат и чинат човештвото и го движат напред.

 

КНИГИТЕ КАКО ПОДАРОК

 

Не им купувајте на децата само бонбони, чоколади и салдолед, или патики, играчки и велосипеди, туку постојано и редовно купувајте им и книги.

Зашто, книгите се трајно богатство, кое се чува и се користи со години, децении, па и векови.

Во книгите е собрано знаењето, па децата на тој начин ќе се забавуваат, фантазираат, едуцираат, креираат, истражуваат, оспособуваат и осамостојуваат…

 

 

 

ДЕЦАТА И КНИГИТЕ

 

Многу е битно децата да бидат окружени со најразлични книги и тие да им бидат достапни , а не само високо качени на рафтовите и полиците.

Бидејќи книгите не само што ќе ги заинтересираат децата, туку и ќе започнат и продолжат да читаат.

Со книгите децата ќе се забавуваат, но и ќе дознаваат бројни полезни информации и секојдневнои ќе учат.

Книгите го поттикнуваат и развиваат љубопитството на децата, но и учењето и знаењето.

Децата сакаат и бараат секој ден на научат нешто необично, возбудливо и ново.

 

 

 

ЧИТАЈТЕ ЗАЕДНО СО ДЕЦАТА

 

Додека се малечки децата, одвојте време и читајте заедно со нив.

На тој начин, тие ќе се информираат, дознаваат и учат, а истовремено и правилно да говорат и внимателно да слушаат, односно да разговараат, будејќи ја фантазијата и поставувајќи најразлични прашања и добивајќи, исто така, многу одговори.

Потоа, децата ќе научат и самите да раскажуваат, па дури и да измислуваат свои необични приказни.

Подоцна, децата ќе се осамостојат и ќе читаат самите.

 

 

Подготвил:

проф.д-р Христо Петрески,

Институт за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје