КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГОВОРНО-ЈАЗИЧНИТЕ ОТСТАПУВАЊА

КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ГОВОРНО-ЈАЗИЧНИТЕ ОТСТАПУВАЊА

 

Здружението  „Интеракција плус“ во сорботка со „Друштвото  за логопедски услуги од А до Ш“ и Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност – Скопје организираше Online конференција на тема „Говорно-јазичните отстапувања на деца од предучилишна возраст“.

Во текот на конференцијата стана збор за најчестите говорни отстапувања, кои се среќаваат во детската возраст, факторите и причините кои придонесуваат за развивање правилен и јасен говор кај децата, исто така и кои се причините кои може да доведат до подоцнежно прозборување и одредени проблеми во говорот  на децата.

На конференцијата беа споделувани искуства од практичната работа со деца, како и избор на методи кои се користат во логопедската и дефектолошката пракса со деца, како и совети и препораки за родителите како можат да им помогнат на своите деца во поттикнувањето на говорно – јазичниот развој.

На конференцијата зедоа учество родители на деца, воспитувачи, наставници, педагози, логопеди, дефектолози и други заинтересирани поединци и институции.