Улогата и значењето на списанијата, прирачниците и другите визуелни, аудио и видео изданија и материјали во воспитно-образовниот процес
,,Ако ученицит не можат да научат на начин на кој ги учиме, тогаш мора да ги научиме на начинот на кој тие учат“- Керол Ен Томилсон.
Апстракт: Согласно Конвенцијата за правата на детето, секое дете мора да има еднаков пристап до квалитетно образование и едукација приспособена на неговите потреби. Во тој контекст, одговорноста на издавачите што се залагаат за висока свест и промовирање на своите вредности, не само формално туку и суштински, е да ги идентификуваат предизвиците на општеството во кое дејствуваат. Суштинската задача се состои во решавањето на некои проблеми што се соочуваат децата, а секако и наставниците, се со цел подобро разбирање на нивните потреби и култивирање генерации на ученици што ќе бидат подготвени да направат голем чекор напред кон позитивни промени.
Клучни зборови: списанија, прирачници, сликовници, аудио и видео материјали
Во наставниот процес, секој одговорен и креативен наставник со избор на методички постапки, кај ученикот дирекно влијае врз воспитанието и образованието кај ученикот, но доведува и до нови решенија реализација на замислени идеи, уметнички форми , теории и изразувања на својата фантазија.
Со квалитетни списанија, илустрираните сликовници, прирачници, визуелни, аудио и видео изданија и материјали, децата започнуваат со првите читачки подвизи, можат да добијат информации од квалитетна литература, учат нови зборови, креативно се изразуваат итн.
Од мноубројните воспитни влијанија кои училиштето може да ги оствари во правецот на зајакнување на воспитната функција посебно се издвојува воспитната улога на литературата за деца односно изборот на сликовници, раскази, романи, басни, бајки, списанија…
Детските списанија имаат многу важна улога во воспитно-образовниот процес на децата, во утврдувањето на стекнатото знаења, но и негово проширување. Но, секако списанијата постојат да ја задоволат и желбата за љубопитсво на децата, а ја поттикнува и љубовта кон читањето. Литературните списанија имаaт големо значајно место и улога во организираниот и институционалниот процес на воспитание и образование уште од најраната возраст застапена во градинките, потоа во училиштата, но и семејството како институција.
Списанијата за деца се во контекст на целите и во Наставните програми во градинките, училиштата се со цел да се развие интерес за читање во првиот разоен период па се до воведување во светот на литературата и народната книжевност. Списанијата комуницираат со наставно, воннаставно и слободното време на детето, тие се продолжена рака на Наставниот план и програм, интерактивно, стручно и содржински се поставени. Со својот изглед претставуваат современици и партнери на детето.
Сликовниците претставуваат комбинирана и вербална форма на книга, но најчесто насочени кон малите деца. Сликовниците претставуваат прекрасна алатка со која може да ги воведеме децата во структурата на главната идеја на приказната , како и во деталите на истата. Тие се поттикнувачи на голем број активности на читање и пишување, а со самото читање и пишување се поттикнува и дијалогот и можноста за поставување прашања кои им помагаат на децата да го учат јазикот и да спознаваат различни теми и светови. Илустрациите во сликовниците ги зајакнуваат вештините на децата за откривање на знаењето на текстот преку еден поинаков контекст-сликата.
Една од приденостите на читањето на сликовниците е тоа што тие изобилуваат со многубројни морални дилеми и судови и ги доведуваат децата во позиција да ги проценуваат моралните постапки на ликовите меѓу морално добро ,односно морално лошо однесување.
Прирачниците или практични водичи претставуваат збирка активности. Примерите и ресурсите односно материјалите што се дадени во прирачниците, се со цел поттик идеи за натамошни активности. Прирачникот претставува почеток на добро организирана збирка примери за добра практика.
Современото општество бара современ систем на образование и воспитание. Преку многубројните активности меѓу кои визуелните алатки, изучувањето на песни, аудио и видео-материјалите и многу други активности се поттикнува индивидуалноста и креативноста кај децата, се стекнуаат и развиваат нивната оригиналност и форми на изразување.
м-р Ленче Јанева
ООУ,,Крсте Мисирков“ – Гевгелија“,
mail: janeva_lence@yahoo.com