Воспитувањето на децата со посебни потреби – можности, програми и перспективи
„Човештвото им должи на децата сè најдобро што може да им се даде “ – од Декларацијата за правата на децата
Воспитно-образовниот процес е процес на промена на личноста во посакуваната насока со усвојување на различни содржини во зависност од возраста и потребите на поединците. Преку воспитно-образовниот процес општеството ги пренесува акумулираните знаења, вештини и вредности од генерација на генерација. Преку едукација и исто така се развиваат чувства за сопствената култура, почитување на принципите и солидарноста. Стекнатите знаења и образовните вештини се многу применливи и корисни во практичниот живот. Иако лицата се стекнуваат со знаењата индивидуално, тоа е богатство на сите луѓе во општеството. Најзначајна образовна институција од воспитно-образован карактер е училиштето.Училиштето кое постои за учениците, а не обратно учениците да постојат поради училиштето. Училиштето како мост меѓу поединецот и општеството, главно средство за постигнување еднаквост, ги учи децата за тоа дека во одделението можностите и условите се еднакви за сите.
Преку воведување на инклузивното образование во редовните паралелки на секое дете да му се овозможува активно учество во училишните активности и стекнување позитивни искуства низ редовното образование, а со тоа и подготовка за живот и реализација на комплетниот потенцијал кој овозможува на секоја индивидуа целосно учество во општествените текови, како полноправен член на општеството. Но ,сето тоа претставува долготраен процес на реформи во насока на модификации на содржините, методите, пристапите и стратегиите во наставата и преземање соодветни мерки и активности за целосно отстранување на баририте.Додека пак,со воведување на инклузивното образование кај наставниците се создаде конфузија ,поради не доволната едукација и стручна спремност за индивидуален пристап кон секој вид на попреченост.Но, сето тоа ја зајакна соработката помеѓу наставниците ,тие меѓусебно да ги споделуваат своите искуства и знаења.Понатаму воведувањето на инклузијата ја зајакна и соработката помеѓу наставниците и родителите како многу важна алка во воспитно- образовниот процес.Затоа што родителите ги вреднуваат децата како свои, како посебно, а не како другите деца и најдобро ги знаат нивните индивидуални потреби, можности и способности.Исто така се зајакна соработката меѓу наставниците и стручните соработници. Но ,до израз дојдоа и пропустите во воспитно-образовниот процес.Се наметна потребата од зајакнување на стручната служба во училиштата,потребата од психолози, дегектолози…неопходноста од формирање на инклузивни тимови .
Се отворија потреби но и можности за обуки за професионален развој на наставниците за инклузијата во образованието.Денешната информатичка ера, значително им помогна на наставниците, во прибирање на информации, идеи и ресурси/извори кои наставниците можат да ги најдат на интернет и да ги користат.
Инклузивното образование им овозможи на децата со посебни образовни потреби да одат во најблиските училишта исто како и другите деца и да живеат со своите семејства, што е од особено значење за нивниот развој. Непочитувањето на ваквиот пристап може да доведе до поголеми последици од самата попреченост. Секое дете поседува огромен потенцијал. Фокусирањето на попреченоста го ограничува таквиот потенцијал.Или како што рекол Ајнштајн -“Секој е генијалец. Но ,ако и судиш на риба врз основа на нејзината способност да се качи на дрво, ќе го потрошиш целиот свој живот во убедувањето дека таа е глупава” .Една милијарда риби секој ден се обидуваат да се искачат на дрво. Само погледнете во вашето животно опкружување, луѓе кои целиот свој живот храбро се обидуваат нешто да постигнат!
Маја Давкова
наставник
ООУ„Даме Груев“
С.Ерџелија