Ленче Китанова: Воспитувањето и образованието на децата со посебни потреби – можности, програми и перспективи

Воспитувањето и образованието на децата со посебни  

      потреби – можности, програми и перспективи 

 

За децата со посебни потреби во денешно време сé повеќе се зборува и тоа сé погласно.Овие деца веќе не се изолирани од средината и од социјалниот живот  и од свите врсници.Овие деца се вклучени во воспитно-образовниот систем и тоа во редовната настава со наставна програма достапна за сите ученици, не одделувјќи ги овие деца од децата кои немаат пречки во развојот.И покрај тоа што овие ученици се вклучени во оваа програма многупати наидуваат на бариери кои се потешки за совладувања.Кадарот кои го имаат училиштата како што е стручната служба која за среќа е доволна како што се дефектолог, педагог и психолог имаат начин најчесто како да им помогнат на овие ученици. Стручната служба преку работилници  кои се одржуваат после часовите ги активира и најчесто преку игра ги ангажираат за да се почувствуваат овие деца корисни во  училиштата. Тука тие ја имаат главната улога . Можат самите ученици  кои имаат потешкотии во својот развој да иницираат што најдобро знаат да прават и тоа им е дозволено. или пак работат со образовен асистент кој седи на часот и му помага на овој ученик.Нивната задача е да им помагаат , да ги охрабруваат и наведуваат на она што е цел на часот. Наставниците кои  го имаат главниот збор на часот  ги вклучуваат во работата на часот. Самите наставници кои се со комбинирана паралелка каде што има 2, 3, 4 и 5 одделенија во некои средини , за жал многу мали се можностите наставникот да му обрне повеќе внимание во овоспитно – образовниот систем. Мораме да бидеме до крај искрени и да кажеме дека во таквите случаеви многу е мала можноста да им се помага на овие деца.Затоа , кога немаат излез ваквите ученици и се наоѓаат во мали средини,патот   до успехот е многу тежок и макотрпен и на самите ученици, наставници  и на нивните семејства. Тука сите  страни се жртвуваат, ама за жал многу се мали резултатите на овие ученици во нивното напредување.Сепак програмите мора да им  се прилагодат на овие ученици и целиот тим како стручна служба,наставнички кадар,образовни асистенти ( кои за жал во сите училишта ги нема ),како и семејствата за да истраат во оваа борба треба да има помош од општеството  и сите служби кои се дел од ова општество. Перспективите на оваа категорија деца е во секојдневна борба и треба  сите да се вложат и  да се издигне начинот на помош, вклучувајќи го и  наставничкиот кадар кој сака и може да им помогне на децата со посебни потреби но, претходно сите надлежни да се стават во целосна функција за целосна помош и подршка на сите кои се со децата со посебни потреби вклучувајќи ги родителите и наставниците кои имаат иста функција во воспитно-образовниот систем. 

 

                                                       Ленче Китанова

                         Наставник во ООУ „Методи Митевски – Брицо„  

                                                              Лозово