Skip to main content

Улогата и значењето  на сликовниците, прирачниците,  визуелните помагала и аудио и видео средствата 

 

Образованието зависи од квалитетно изработените наставни програми, добро едуцираниот наставен кадар и соодветните просторни услови, вклучувајќи ги тука и опремата и наставните средства.  

За успешната организација и  реализација на воспитно-образовниот процес  важно е наставникот во својата работа да користи различни сликовници, прирачници, визуелни помагала, аудио и видео средства. 

 

Целта, односно улогата на сликовниците, визуелните апликативни дидактички помагала и аудио и видео средствата е да му помогне на детето да  го открие светот на пишаниот збор, но и многу пошироко од тоа. 

 Сликовниците и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала го развиваат когнитивниот свет на детето, предизвикуваат емоции, го збогатуваат вокабуларот, ја зголемуваат љубопитноста и заинтересираноста, односно ја задоволуваат потребата на детето за нешто ново.  

Преку сликовниците и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала детето учи за светот околу него, феномените и односите за човекот и животната средина на соодветен начин.  

Наведените средства  развиваат можност за паметење и меморирање на логички односи и унапредување на когнитивниот развој на детето. Сликовниците и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала ги развиваат и мисловните процеси, вклучително и способноста за решавање на проблемите и донесување одлуки. Овие процеси се битни затоа што тие го конструираат внатрешниот свет на детето преку кој детето го доживува и интерпретира светот, ги создава односите со луѓето, околината и природата.  

Психо-социјалниот развој е подобар и поусовршен колку повеќе детето е ползува богата, содржајна и разновидна литература од најрана возраст. Емотивната интелигенција и степенот на емпатија се повисоки кај децата кои од мали нозе користеле книги и други изданија кои се богати со настани, екстерен дијалог или внатрешна борба на ликовите околу најразлични морални и етички дилеми. Доброто и лошото, како универзални концепти со кои се соочува човекот уште од самото постоење, се проткајуваат во детскиот литературен израз и му помагаат на детето да развие јасна слика за неопходноста од разбирањето на овие концепти и да му овозможи негово лично воздигнување – стекнување доблест, добрина и морална возвишеност. 

Значењето и улогата, односно функцијата на сликовниците и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала е, исто така, да овозможат богато и содржајно  информативно образование – затоа што детето преку сликовниците и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала добива одговори на многу прашања и решенија за најразлични проблеми, при што детето учи дека книгата е извор на знаење и постепено развива способност за анализа, синтеза, споредба, генерализација и будење на апстрактните концепти.  

Децата  преку сликовниците и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала можат да се запознаат и научат за различни обичаи, традиции, култури, религии, знаменитости и слично и да разговараат со родителите за тоа.  

Сликовниците и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала отвораат светови на нови знаења и со тоа му овозможуваат на детето да биде потолерантно кон различностите и да ги прифати културните разлики, да се воздигне многу повеќе од сопствената култура и традиција без да ги отфрли другите – значи да го интегрира разбирањето на светот преку сопствените култура, религија, традиција, обичаи и норми. 

Естетиката, исто така, игра голема и значајна улога во сликовниците и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала. Набљудувајќи ги сликите во сликовниците и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала детето развива чувство на убавина, што буди емоции кај него кои го поттикнуваат естетското доживање и затоа сликовницата значително влијае на вкусот на детето од најрана возраст. 

Навикнувајќи го детето да ја користи книгата, аудио-визуелните апликативни дидактички помагала уште од рана возраст развиваат потреба за читање, им даваат на децата можност да го видат светот преку очите на уметникот и со тоа да развијат способност за критичност, самокртитичност и доживување на настаните преку изразот на другиот, т.е. ликовниот, графички и визуелен творец.  

Детето преку сликовниците и аудио-визуелните апликативни дидактички помагала учи и преку игра.  

Аудио-визуелната комуникација е продуктивна форма на комуникација. Теретски и практично е докажано дека примената на аудио-визуелните апликативни дидактички помагала  има позитивен исход кај децата. Нивната примена кај децата  го развива когнитивниот свет, предизвикува емоции, ја зголемува љуботноста на детето да истражува… 

 

 

                                                Дипломиран професор по одд. настава:  

                                                          Весна Бошковска 

                                                          ООО ,,Кирил Пејчиновиќ,, – Скопје