Skip to main content

Воспитувањето и образованието на децата со посебни потреби -можности, програми                  и перспективи

 

                      Апстракт: Наставникот не го наметнува своето мислење и своето решение, тој мора да биде отворен за различни и нови можности, потребно да изнајде начин и со добра проценка на ефикасност на својот труд и работење, секогаш да биде спремен за прилагодливост на нови задачи. Прилагодувањето значи усогласеност на своите знаења со потребата на време, способноста на ученикот, можностите на училиштето и просторот на опкружување. Инклузивното образование им овозможува на децата со посебни образовни потреби да   одат во најблиските училишта исто како и другите деца, да живеат со своите семејства. Непочитувањето на ваквиот пристап може да доведе до поголеми нарушувања во развој кај децата.

Клучни зборови: рано дијагностицирање, инкузија, напредок, вреднување, обуки.

 

Раната дијагностика е прв чекор, но и полесно управување со состојбата на детето. Потоа следува правото на социјална заштита  и правото на образование како и поддршка од училишен инклузивен тим. Во училиштата се формираат училиштен инклузивен тим, кој се грижи за инклузивните политики и практики на ниво на целото училиште, инклузивен тим за ученикот кој работи по индивидуален образовен план (ИОП).

Инклузивниот тим го сочинуваат: педагог/психолог, наставници, родители, дефектолози, директор. Според новиот Правилник за оценување на деца со попреченост, детето се оценува според неговите знаењето, вештините и компетенциите според претходно дефинирани критериуми и резултати на учењето.

Мотивот за проучување на овој проблем произлезе од моето долгогодишно искуство во воспитно-образовната дејност, како и желбата за унапредување на воспитната и образовната дејност на децата со посебни потреби во основните училишта. Знаци за говорни и јазични нарушувања, нарушување на висинско произведување на звуци, дизфазија, дислалија и други, се дел од јазичните пречки што се соочуваат наставниците во образованието. Потребен е голем ангажман на инклузивниот тим на децата со потешкотии.  Начинот на следење и оценување на секој ученик посебно се приспособува врз основа  на неговите когнитивни способности, можности, ограбичувања  и начин на изразување. Но, најчесто наставниците наидуваат на таа промлематика во која наставникот е во улога на истражувач. Често пати наставниците се принудени самостојно, со сопствени финансии да приствуваат на разни конференции, симпозиуми, обуки, се со цел да дојдат до повеќе знаење и информации. Потребни се задолителните  обуки за наставници, потребни се и  обуки  за родителите кои имаат деца со посебни потреби, се со цел правилно и одговорно да пристапиме кон децата. Најчесто училиштата се соочуваат со проблем од недостаток на стручни соработници од типот: логопед, дефектолог, психолог. Потребно  и неопходно е да се направат измени во Законот за основно образование каде задолжително секое училиште би имал логопед и дефектолог, се со цел стручно и компетентно да се пријде кон децата. За децата со пречки во равојот од големо значање се и сензоените соби кои содржат разни дидактички материјали, и се од големо значање за децата со пречки во развојот и аутизам. Но, невозможно е користење на сензорна училница која е единствена во едно училиште , а е за потребите на цела општина. Во таа сензорна соба  би се изведувале вежби за гестикуларна стимулација, за вежби со говор на дечињата кои ќе се дијагностицираат во еден мултидисциплинарен пристап заедно со логопед и дефектолог од училиштето. Од сето оваа произлегува дека инклузивното образование  е еден од врвните приоритети  на Министерството за Образование и наука  на Република Северна Македонија, се со цел да се превземат  конкретни чекори. Теоретски, прилагодувањето на Наставните планови и програми за децата со посебни образовни потреби е доста едноставно во однос на педагошка евиденција, инпровизорни пристапи. Но, во практика, се усложнува овој процес. Со постепена работа се појавува потребата од стручните лица. Недостатокот  на стручни лица особено логопеди и дефектолози, недостаток на дидактички материјали, простории(сензорна соба),адекватно место за работа се едни од клучните проблематики кои се соочуваат наставниците .

 

м-р Ленче Јанева

ООУ,,Крсте Мисирков“-Гевгелија“,

mail: janeva_lence@yahoo.com