Skip to main content

Воспитувањето и образованието на децата со посебни образовни потреби

 

 

 

Наставниците играат најважна улога во обезбедувањето на квалитетно образование за сите деца. Насекаде во светот, наставниците велат: Учениците имаат право на образование.

 

Многу наставници работат во тешки услови (многу и долготрајни часови, несоодветна инфраструктура, недостаток на едукативен материјал, нефлексибилни политики и наставни програми, ниски плати и сл.), тие работат напорно за да ги задоволат потребите на сите ученици во  училишето во кое се вработени.

 

Добро образовани, поддржани и мотивирани наставниците влијаат на запишувањето, учеството и достигнувањата на сите деца, особено на децата со попреченост на кои им се потребни дополнителни стимулации и поддршка за да имаат пристап до училиштето и да останат во него.

 

Инклузивното образование е динамичен процес. Затоа не е можно да се има единствен нацрт со список на утврдени вештини и знаења што треба да ги имаат сите наставници за да можат да вршат едукативна работа во инклузивното опкружување.

 

Во својот работен век наставникот може да се сретне со деца со различна попреченост. Една година, може да има дете со оштетен вид во одделението, па наставникот ќе треба да го прилагоди својот стил на настава, едукативна содржина и материјали – земајќи ги предвид потребите на дете со оштетен вид. Потоа може да има дете со потешкотии во учењето на часот. Наставникот ќе мора да го прилагоди својот начин на настава и предавање на сосема поинаков начин.

 

Во својата работа наставниците треба да развијат рефлексивен став и инклузивни вредности со цел да имаат поголем успех и напредок на децата со попреченост.

 

Ова мора да биде континуиран процес, бидејќи заедниците, културите, интересите, потребите и можностите на децата и наставниците постојано се развиваат. Како резултат на ова сите деца се чувствуваат подеднакво почитувани на инклузивните часови.

 

Обуката на наставниците е од суштинско значење за наставниците кои вршат воспитно-образовна работа во инклузивна средина.

 

Наставникот за да има успех во работата со децата со посебни потреби потребно е да биде:

 

– Максимално мотивиран и ангажиран;

 

-Да е посветен  и да има  верба во инклузивното  образование;

 

– Да ја поддржува тимската работа со учениците во одделението;

 

-Да постои интерактивна врска помеѓу учениците и детето со попреченост во одделението;

 

-Подготвеност да се бори за одржување на инклузивни практики;

 

-Наставникот постојано треба да размислува за тоа како  детето на часовите учи,напредува  во училиштето и во заедницата.

 

За да има успех и напредок во работата потребно е да постои алка помеѓу наставникот, детето со попреченост и неговите родители. Потребно е да постои

 

подготвеност и соработка со родителите на детето со попреченост и со сите останати родители во одделението.

 

Децата со попреченост наидуваат на многу потешкотии при совладувањето на наставното градиво. Секој наставник потребно е да постави пониски цели за совладување на материјалот.

 

Пример: учениците во второ одделение наидуваат на потешкотии во читањето:

 

-мешање на графемски и фонетски сличните букви,

 

-преместување на буквите во текстот,

 

-вметнување и испуштање букви во зборот и др.

 

Со заедничка работа на наставникот ученикот, родителите и другарчињата во одделението оваа потешкотија ќе биде надмината до одредена граница.

 

Прифаќањето и помошта од другарчињата е многу важна за детето со попреченост за неговиот емоционален развој, неговата социјализација и напредокот во образованието.

 

Како наставник можам да истакнам дека работата со деца со преченост за нас како наставници не е воопшто лесна, но е голем предизвик.

 

Предизвик е да се помогне на ученикот кој има право на образование, да се имплементира во сите аспекти на општественото живеење како рамноправен член.

 

Тие заслужуваат квалитетно образование, кое што ќе им помогне да чекорат низ животот.

 

 

 

Дипломиран професор по одд. настава:

 

Весна Бошковска

 

ООО,,Кирил Пејчиновиќ,, – Скопје