Kнижевноста за деца и млади во науката и наставата – помеѓу теоријата и практиката

Потребата од организирање научен собир посветен на книжевноста за деца и млади е дамнешна и иманентна. Таа потреба е се уште горлива и актуелна со оглед на застарените модели на пишување и проучување од една страна и современите текови, трендови и предизвици од друга страна.Кај нас во Република Македонија, но и во окружувањето односно на Балканот, Европа, па и светот – се поголем и поразновиден е бројот на создавачи и истражувачи, наспроти кризата на читањето и експанзијата на електронските медиуми и електронското издаваштво.
Значи, од една страна сведоци сме и имаме повеќе или помалку сиромашна и класична продукција, а од друга страна потреба и барања за иновативност и креативност.На научниот собир ќе присуствуваат научни и стручни истражувачи кои ќе презентираат и компарираат свои согледувања, анализи и резултати, а целта на собирот е да се укаже на досегашните слабости, потешкотии и проблеми, но и на најсовремените размислувања, примери, препораки, искуства и проекти.