Формирана е Македонска секција на Светската асоцијација на театарските критичари (AICT), со седиште во Париз.
За време на петнаесеттото јубилејно издание на Фестивалот „Актерот на Европа” во присуство на почетниот претседател на Светската организација на театарските критичари Жорж Бани, автор на бројни театарски дела што се преведени на сите континенти, се формира Македонска секција на оваа светска асоцијација, во која членуваат 112 земји со над 7000 членови.
Во Македонската секција веќе припаѓаат педесеттина македонски критичари и театролози, а за претседател е избран проф.д-р Христо Петрески, а за генерален секретар е избран доц.м-р Трајче Кацаров.На следниов светски конгрес кој ќе се одржи во Стокхолм, ќе присуствува и за првпат и македонска делегација и ќе биде претставен книгата “Македонска театарска критика”.