Аутизмот кај најмладите

Оваа работилница беше поврзана и посветена на аутизмот како актуелни и горливо прашање. Предавач беше м-р Ана Петреска која говореше за причините, но и за последиците од оваа негативна појава.

Таа посебно го нагласи начинот на кој може да се открие, но и да се ублажи и спречи аутизмот.Логопедот и дефектолог Ана Петреска ги презентираше најновите светски и европски искуства, сознанија и методи. Притоа, беше претставена и нејзината нова книга “Аутизам”, во издание на Издавачката куќа “Феникс” од Скопје.