Дека нешто мошне сериозно и значајно се случува на полето на театарската уметност во Република Македонија потврда и доказ се големиот број на театри, претстави и фестивали, но и гостувањата, наградите и признанијата. Македонскиот театар е во подем и експанзија, иако во поново врене е повеќе затворен и се одвива во локални рамки, но со бројните нови гостувања и освоени комплименти за зрелоста на театарскиот чин, тој е рамо до дамо со балканскиот, европскиот, па и светскиот театар. За разлика од минатиот век, сега македонскиот театар е посовренен, поактуелен, поекспериментален, поавангарден, поекстравагантен и потранспарентен.

На научниот собир ќе настапат научни и стручни лица од земјава и странство , кои ќе ги разглобат и разгледаат сите аспекти, а главно ќе се задржат на следниве теми: Македонскиот театар на крајот од минатиот век; Македонскиот театар во Дваесет и првиот век и Македонскиот театар исправен пред неговите понатамошни можности и перспективи.